НАШИОТ БОМБАРДЕР НА МУНДИЈАЛОТ ВЛЕГУВА КАКО РЕКОРДЕР

Лазаров тргнува во ново гол-шоу, останатите во лов на неверојатната бројка

Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров е единствениот ракометар кој успеал да постигне 92 гола на овие натпреварувања.

објавено: 11 јануари 2019 - 11:30

Спортмедиа во Минхен, Марија Ковачева

Македонскиот „бомбардер" Кирил Лазаров постави високи стандарди во европскиот и светскиот ракомет. Капитенот на нашиот најдобар национален тим и на ова Светското првенство влегува како рекордер кога станува збор за постигнати голови.

Лазаров на Мундијалот во 2009 година во Хрватска стигна до 92 погодоци, бројка која до сега ниту еден играч не успеал да ја достигне.

Капитенот и нашите момци денеска го играат првиот меч на СП, во 15:30 часот, кога силите ќе ги одмерат со Јапонија.

Најново во Ракомет