Вториот голман верува во нашите можности

Митревски: Се зависи од нас, ако одиграме добро сигурно ќе победиме

Никола Митревски пред дуелот со Бахреин вели дека треба да се поправат некои недостатоци во нашата игра.

објавено: 12 јануари 2019 - 15:30

Првиот голман на нашата репрезентација, Борко Ристовски, вчера едноставно доминираше на дуелот со Јапонија. За дуелот со Бахреин селекторот Раул се надева дека ќе има повторно расположени голмани. 

Вториот избор на голманската позиција, Никола Митревски, вчера од клупата ги бодреше своите колеги од репрезентацијата, а денеска пред тренингот даде свое видување на дуелот.

„За натпреварот против Јапонија се подготвувавме доста долго и доста квалитетно. Крајниот резултат сепак не е одлика на она што се случуваше. Имавме лоши моменти и доста грешки. Во наредниот период ќе се обидеме да ги поправиме за да бидеме подобри. Ова што го видовме против Шпаније не е мерило. Ниту Шпанците играа максимало, а и Бахреин играше растеретен“, вели Митревски.

За следниот ривал, додава:

„Селекциите на Јапнија и Бахраин гледаат шанса за бодови против нас, па ние добро се подготвуваме за тие два дуели. Се подготвуваме за нив како еден вид да се биде ли не. Против Бахреин ќе влеземе максимлано. Се зависи од нас, ако одиграме добро и квалитетно сигурно ќе победиме.“

Најново во Ракомет