ПРЕД ОБЈАВУВАЊЕ НА КОНЕЧНИОТ СПИСОК

Повреда на последниот тренинг пред СП

Пред крајот на последниот тренинг во Скопје се повреди еден од ракометарите кои се најдоа на списокот од 20 играчи. 

објавено: 8 јануари 2019 - 19:59

Димитар Димитриоски се повреди за време на последниот тренинг на македонската репрезентација во Скопје. Левото крило на Металург веднаш ќе оди на прегледи, станува збор за проблем со скочниот зглоб. 

Во исчекување е селекторот, Раул Гонзалез да ги објави 18-те патници за Минхен.

Македонија на СП е во групата со Јапонија, Бахреин, Хрватска, Исланд и Шпанија.  

Најново во Ракомет