СЕ Е ВО ЗНАКОТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

Ракометарите пристигнаа во Минхен, РФМ го потврди списокот

Нашиот најдобар национален тим е во Минхен, базата на Македонија во следните девет дена.  

објавено: 9 јануари 2019 - 11:33

Ракометарите пристигнаа во Минхен, главната база на Македонија во следните девет дена, која се надеваме ќе ни донесе моменти за паметење. По вчерашната повреда на Димитар Димитриоски на последниот тренинг во Скопје, Раул Гонзалез направи промени во списокот од 18 патници за Светското првенство.

Наместо левото крило на Металург во Минхен отпатува Милан Лазаревски, па предводникот на „црвено-жолтите“ на располагање ќе има тројца пикери (Стоилов и Пешевски), но само едно лево крило, Дејан Манасков. Својата шанса во иднина ќе ја чека Мартин Томовски, надежниот и талентиран голман на тимот од Автокоманда отпадна.

Македонија првиот меч на Мундијалот го игра на 11 јануари (15:30 часот), против Јапонија. Потоа следуваат натпреварите со Бахреин, Хрватска, Шпанија и Исланд. Само трите првопласирани репрезентации ќе обезбедат место во главната рунда.  

Најново во Ракомет