СО 18 РАКОМЕТАРИ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

Раул ги одбра патниците за Минхен

По завршување на последниот тренинг во Скопје, селекторот на македонската репрезентација го објави списокот за Светското првенство во Германија и Данска. 

објавено: 8 јануари 2019 - 20:17

Раул Гонзалез со 18 ракометари ќе патува на Светското првенство во Данска и Германија. Предводникот на македонскиот национален тим одлучи да им се заблагодари на двајца играчи на Металург, голманот Мартин Томовски и пикерот Милан Лазаревски.

По повредата на Димитар Димитриоски на последниот тренинг на македонската репрезентација во Скопје, можно е Лазаревски сепак да влезе во списокот на патници. Левото крило на Металург веднаш отиде на прегледи, станува збор за проблем со скочниот зглоб. Доколку ситуацијата е посериозна, Гонзалез на располагање ќе има само еден играч на оваа позиција. 

Македонската репрезентација за Минхен патува рано во утринските часови, првиот меч на Мундијалот го игра на 11 јануари против Јапонија.

 

Најново во Ракомет