ОЧЕКУВАН ИЗБОР НА ШПАНЕЦОТ

Раул го одреди списокот за Јапонија

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез ги одреди 16-те ракометари за првиот дуел на Светското првенство. 

објавено: 11 јануари 2019 - 08:57

Спортмедиа во Минхен, Марија Ковачева

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез ги одреди списокот за дуелот со Јапонија, прв на Светското првенство во Данска и Германија. Шпанскиот стратег донесе очекувањана одлука, во составот ќе го нема пикерот на Металург, Милан Лазаревски и голманот на Стразбург Златко Даскаловски.

Лазаревски влета во последен момент во патниците за Минхен на местото на повредниот Димитар Димитриоски, додека пак Даскаловски е третиот голман во нашиот тим.

СОСТАВ: Борко Ристоски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Филип Лазаров, Фили Талевски, Филип Кузмановски, Филип Чурлевски, Горан Крстевски, Мартин Серафимов, Кире Лазаров, Мартин Поповски, Гоце Георгиевки, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевки, Велко Маркоски и Марио Танкоски.

Македонија го игра првиот меч во нашата група, дуелот стартува во 15:30 часот. 

Најново во Ракомет