НЕМАШЕ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА АТМОСФЕРАТА

Србинот од Вардар ги фали хрватските навивачи

Мијајло Марсениќ со пофални зборови за тоа што беше на трибините во салата во Сплит

објавено: 13 јануари 2018 - 10:17

Мијајло Марсениќ во дресот на Србија беше немоќен против тројцата соиграчи од Вардар, Карачиќ, Циндриќ и Чупиќ, кои се радуваа на победата на Хрватска. И покрај тоа што хрватските навивачи ја исвиркаа химната на гостите, Марсениќ имаше пофални зборови за атмосферата. 

„Навистина би сакал да се заблагодарам на хрватските навивачи, позитивно сум изненаден“, рече за хрватските медиуми ракометарот на Вардар. 

Иако се најавуваше дека може да има тензии на мечот, синоќа во салата во Сплит се помина во најдобар ред, а ракометарите спортски ги одиграа сите 60 минути. Дури кога се повреди домашниот играч Домагој Дувњак, први на помош притрчаа српските играчи. 

„Сигурен сум дека и тој би го направил истото. Тоа е спортски потег. Домагој е голем играч и се надевам дека не е тешко повреден“, додаде Марсениќ.

Најново во Ракомет