ПРЕКУ ИНСТАГРАМ

Суслина објави крај на кариерата

Голманката на Вардар не успеа со триумф во Лигата на шампионките да стави точка на одличната кариера

објавено: 15 мај 2018 - 21:34

Голманката на Вардар, Ина Суслина преку социјалната мрежа „Инстраграм“ објави дека става крај на кариерата. Суслина која има 39 години, опишува дека ова бил многу интересен дел од нејзиниот живот, но мора да се рече „ДОСТА Е“.

Русинката која пред неколку дена во „црвено-црниот“ не успеа да се закити со европското злато, најави дека ќе остане да живее во Скопје и да работи на проширување на семејството.

Најново во Ракомет