ГЕРМАНСКИОТ ПРВАК ЛЕСНО СЛАВЕШЕ ВО БУНДЕСЛИГАТА

Талески даде еден гол, Рајн Некар пак е во победнички ритам

Фаворитот со убедливи 33:23 славеше против Штутгарт

објавено: 7 декември 2017 - 21:02

Филип Талески постигна еден гол, а неговиот тим, Рајн Некар победи убедливо со 33:23, против Штутгарт во меч од германското првенство. Талески поголема задача имаше во одбраната, а успеа и во офанзивниот дел, да ја затресе мрежата на противникот. 

По серијата на лоши резултати, Рајн Некар сега повторно се врати на победнички патеки. Шампионот е само на еден бод зад Флензбург и Фуксе Берлин, на табелата во германската Бундеслига.

Најново во Ракомет