СЕЛЕКТОРОТ НА СЛОВЕНИЈА ЗНАЕШЕ ШТО ГО ЧЕКА

Уште во 36 минута Вујо на тајм-аут си кажа: Подобро да изгубиме машки (Видео)

Најдобриот периот на Македонија во дуелот против Словенија беше крајот на првото и почетокот на второто полувреме. Во периодот од 27 до 35 минута „црвено-жолтите“ момци направија серија од 7:0 и негативата од 8:11, ја претворија во позитива од 15:11.

Во тие моменти селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ побара тајм аут на кој даде совети на своите играчи, но и почувствува дека го чека пораз на крајот. „Подобро да загубиме машки“, беше една од речениците на популарниот Вујо, на овој тајм аут. На крајот тоа и се случи. Словенците машки ги тепаа нашите ракометари до 60 минута, но сепак загубија со 25:24.

објавено: 14 јануари 2018 - 11:05

Најново во Ракомет