ПРЕД ТУРНИРОТ ВО ГЕРМАНИЈА

Вардар ги полни батериите во Крањска Гора! (Фото)

Македонскиот шампион ја темпира формата пред новата натпреварувачка сезона 2018/19

објавено: 6 август 2018 - 19:00

Словенија е базата на ракометарите на Парондо каде што се работи на подигање на физичката подготвеност.

Истовремено, „црвено-црните" работат на тактичко-технички замисли пред одигрувањето на контролните мечеви и секако она вистинското кое што ќе следи, а тоа е новиот настап во Лигата на шампионите и секако учеството во СЕХА натпреварувањето.

Уште неколку денови Вардарци ќе бидат на Крањска Гора, а потоа екипата заминува за Германија каде ќе настапи на првиот турнир во перидот од 10 до 12 август.

Според програмата на првиот ден (10 август) во 20,15 часот Вардарци ќе играат со Хамбург. Следниот ден (11 август) во зависност од исходот од првиот натпревар ќе одигра уште две средби со ривали од другите натпревари.

На овој турнир ќе играат и екипите на: Лајпциг, Монпелје, Фуксе Берлин и Кристијанштад. Мечевите за пласман се планирани за недела, 12 август.

Најново во Ракомет