ВО РАКОМЕТНИОТ КУП НА МАКЕДОНИЈА

Вардар го растури Пелистер и чека нова титула

Најдобриот тим во земјава немаше никакви проблеми против битолчани

објавено: 18 мај 2018 - 17:49

По титулите во СЕХА Лигата и домашното првенство, ракометарите на Вардар сега на ред е да го освојат и Купот на Македонија. Апсолутните фаворити немаа никакви проблеми во дуелот против Пелистер, во полуфиналето кое се игра во Битола, победувајќи со убедливи 46:27 (20:12).

Освен во почетните неколку минути кога Пелистер дури имаше и од два гола разлика, во останатиот дел од мечот вардарци беа доминантни на теренот. Тренерот на актуелниот европски првак, Раул Гонзалез им даде шанса на речиси сите ракометари, а тие без милост го решетаа голот на Пелистер. 

На крајот Марсениќ и Македа со по осум погодоци беа најефикасни, а Поповски, Циндриќ и Чупиќ дадоа по 5 голови кај Вардар, кој во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Еурофарм Работник и Металург, кој се игра вечерва од 19:15 часот.  

Најново во Ракомет