„ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ ПРЕСИЛНИ ЗА ДОМАЌИНОТ

Вардар покажа шампионска моќ

Актуелниот европски првак го декласираше тимот на Гумерсбах so 37:26

објавено: 13 август 2017 - 15:02

Шампионската моќ на Вардар се виде на дуелот против Гумерсбах, на турнирот „4 клуба“. По вчерашниот пораз од Рајн Некар, вардарци денеска одиграа одличен меч и на крајот победија со убедливи 37:26 

Во текот на целиот натпревар „црвено-црните“ доминираа на теренот и не му дозволија на домаќинот ни грам шанса да се понадеваат дека може да стигнат до победа. По првите 30 минути резултатот беше 18:11, а веќе на почетокот на вториот дел разликата беше двоцифрена во корист на европскиот првак. 

До крајот на средбата, европскиот првак рутински одработи за прва победа на Вардар, во подготвителниот период, пред стартот на новата сезона. 

Најново во Ракомет