ПРОМЕНА НА ПОЛУФИНАЛНИТЕ ТЕРМИНИ

Вардар сепак нема да игра во вечерниот термин на Ф4

Македонскиот првак против Мешков ќе игра во 17:45 часот, а не како што првично беше најавено во 20:15 часот

објавено: 22 март 2018 - 12:44

Полуфиналните дуели од фајнл-фор турнирот во ракометната СЕХА лига претрпеа промена. Првично беше најавено дека Вардар против мешков ќе игра од 20:15 часот, но сега тој термин е сменет. Македонскиот првак својот меч ќе го игра од 17:45 часот, а во вечерниот термин ќе играат Целје и Загреб. 

Ова е одлука на СЕХА Гаспром. Полуфиналните дуели остануваат да се играат на 13 април, а финалето е на 15 април во „Јане Сандански“. Денеска беа објавени и цените за двата дена од фајнл-фор турнирот во ова регионално натпреварување, каде Вардар е актуелен бранител на тронот. 

 

Најново во Ракомет