ПОБЕДА ЗА „ПЕЧАТ“ НА ОДЛИЧНАТА ИГРА ВО ГРУПНАТА ФАЗА

Вардар во „Морача“ го потврди првото место

„Црвено-црните“ славеа на гостувањето против Будуќност и со девет победи во 10 средби покажа зошто е главен фаворит за европската круна

објавено: 10 март 2018 - 20:58

Ракометарките на Вардар во вистински стил ја завршија групната фаза од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ дами славеа на гостувањето во Подгорица против Будуќност со 30:25. Во салата „Морача“, вардарки речиси во текот на целиот меч го контролираа резултатот, а на крајот победи пет голови предност.

Со оваа победа Вардар само потврди дека е прв фаворит за европското злато сезонава. Во 10 меча од групната фаза, нашите шампионки завршија со девет победи.

Андреа Пенезиќ беше најефикасна во составот на Вардар со 10 постигнати голови, додека Лакрабер заврши со седум голови. Суслина на голот на Вардар имаше девет одбрани.

Во четвртфиналето, кое е последен филтер пред пласманот на фајнл фор турнирот, Вардар ќе игра против Митјиланд.

Најново во Ракомет