ПОДГОТВЕНИ СЕ ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА КРУНА

Вардарки го имаат најдобриот напад во Европа

„Црвено-црните“ девојки се единствени кои ја имаат надминато границата од 300 дадени голови во главната фаза

објавено: 14 март 2018 - 14:25

Во четвртфиналето од Лигата на шампионите ЖРК Вардар ќе влезе како како тим со најдобар напад во Европа. И тоа не е само сезонава! И лани македонскиот шампион ја имал најдобрата офанзивна линија во најсилното европско клупско друштво.

Во главната фаза ЖРК Вардар постигна вкупно 301 голови. Зад „црвено-црните“ се ЧСМ Букурешт и ФТЦ со по 282 погодоци. Вардарки ја имаат и најдобрата гол разлика (+56 гола), пред главните конкуренти за титулата Ѓер +50, односно ЧСМ Букурешт +36.

Според вардарки „одбраната е таа која освојува титули", но се чини дека на тој елемент ќе мора европскиот вицепрвак да поработи, со оглед на тоа дека е на третата позиција. Актуелниот првак Ѓер ја има најдобра одбрана (со 231 примен гол), додека Ростов Дон е на втората позиција (232). Вардар е трет со 245 примени погодоци во досегашните 12 натпревари, односно 20,4 голови примени на меч.

 

Најново во Ракомет