Рутинска победа во Регионалната лига

Вардарки му земаа мерка на Крим Меркатор

Ракометарките на ЖРК Вардар го победија Крим Меркатор со убедливи 9 погодоци разлика, 38:29, во вториот натпревар од првиот турнир во рамките на Регионалната лига

објавено: 15 јануари 2017 - 23:01

Ракометарките на ЖРК Вардар го победија Крим Меркатор со убедливи 9 погодоци разлика, 38:29, во вториот натпревар од првиот турнир во рамките на Регионалната лига.

Македонските шампионки се рехабилитираа за поразот од Будуќност и рутински славеа против Словенките. Вардарки беа далеку подобар противник и уште во првото полувреме ја најавија сигурната победа. На пауза се замина со предност на фаворитот од 19:13, а на крајот разликата порасна на цели девет погодоци позитива.

Најефикасна кај Вардар беше Херем со 9 гола, а по 6 погодоци постигнаа Радичевиќ и Дамњановиќ. Кај Крим расположена за голови беше Георгиев со 8 прецизни удари. Македонската ракометарка Бајрамовска постигна пет гола.

Главна цела на ракометарките на Вардар е што подобро да се подготват за продолжението на Лигата на шампионите. Следен меч во луксузното натпреварување им е со Будуќност на 29. јануари во Подгорица.

Најново во Ракомет