„СПОРТМЕДИА“ ГО ПОСЕТИ КАПИТЕНОТ ВЕДНАШ ПО ПРЕГЛЕДИТЕ

Верувајте луѓе, чуда се случуваат: Лазаров не се предава!

По направените првични прегледи, повторно постои шанса Кире да го видиме на теренот во Вараждин

објавено: 22 јануари 2018 - 13:51

Од Загреб, Марија Ковачева

Фото: Петр Стојановски

По направените прегледи и снимки во една од загребските болници, стигнуваат информации кои влеваат надеж дека капитенот на Македонија, Кирил Лазаров може да биде во составот и на понатамошните средби на Европското првенство во Хрватска. 

Стручен тим на доктори го прегледаа Лазаров, а потоа во хотелот „Вестин“ во Загреб, Кире има состанок со претседателот на ракометната федерација, Живко Мукаетов и останатите членови.

Со самото појавување на Лазаров, сите постојано само прашуваа што е повредата и дали е сериозна. Неизвесноста уште постои, а треба да се направат и некои дополнителни прегледи. 

 „Само верба во Бог и да се молиме за најдоброто“, беше коментарот на дел од луѓето кои се во таборот на Македонија. 

По само 10-тина минути одиграни на синоќешниот меч против Шпанија, Лазаров заработи повреда на бутниот мускул на десната нога и го напушти теренот. Веднаш доби ладни облоги и воопшто не влезе во игра до крајот на мечот. 

До крајот на групната фаза, Македонија утре ќе игра против Чешка, додека во среда е последниот меч од групата, против Данска. 

*Превземањето на фотографиите е казниво по Закон без согласност на СПОРТМЕДИА.

Најново во Ракомет