ОТКАКО Железничар ГО ПОТВРДИ СВОЈОТ НАСТАП

Веселин Вујовиќ на отворањето на Струшкиот турнир

Познатиот стратег е миленик на македонската публика, а сега ќе го гледаме и на традиционалниот турнир 

објавено: 5 јули 2018 - 13:39

Изгледот на 46. меѓународен ракометен турнир Струга е официјално дефиниран. Осум екипи, македонските претставници Струга и Еурофарм Работник, шведски Алингсас, Бешикташ од Турција, француски Тулуз, словенечкиот првак Целје, романска Констанца и новиот тим на Веселин Вујовиќ, Железничар од Србија се екипите кои ќе се натпреваруваат на отворениот терен на „Женска плажа" од 15 до 19 август.

Екипите се поделени во две групи по четири и како и што се очекуваше ждрепката имаше полудиригиран изглед, односно домашните претставници се носители на групите. Во групата еден Еурофарм Работник се среќава со Целје, Бешикташ и Тулуз, додека во групата два Струга ги пречекува Железничар, Констанца и Алингсас.

Групната фаза се игра од 15 до 18 август, секој со секого, додека на 19 јули се закажани финалните натпревари, кога треба да биде познат и новиот освојувач на Струшкиот турнир.

Распоред на натпревари:

15.08.2018
17.30 Железничар - Струга
19.15 Констанца - Алингсас
21.00 Целје - Еурофарм Работник

16.08.2018
17.30 Бешикташ - Еурофарм Работник
19.15 Железничар - Алингсас
21.00 Целје - Тулуз

17.08.2018
17.30 Струга - Алингсас
19.15 Железничар - Констанца
21.00 Тулуз - Бешикташ

18.08.2018
10.00 Струга - Констанца
17.30 Еурофарм Работник - Тулуз
19.15 Целје - Бешикташ

19.08.2018
10.00 Меч за седмо место
17.30 Меч за петто место
19.15 Меч за трето место
21.00 ФИНАЛЕ

Најново во Ракомет