НЕКОГАШНИОТ ТРЕНЕР НА ВАРДАР ПОВТОРНО ДОБИ „ПЕНАЛИ“

Веселин Вујовиќ повторно со голема казна од ЕХФ

Арбитражниот суд на ЕХФ не му прогледа низ прсти на популарниот Вујо

објавено: 16 мај 2018 - 19:23

Селекторот на словенечката репрезетација и на тимот на Копер, Веселин Вујовиќ доби нова казна од челниците на Европската ракометна федерација. Арбитражниот суд на ЕХФ го казни популарниот Вујо со 5.000 евра, поради изјавата дадена во коај ги критикува челните луѓе на федерацијата. 

„Штом го повишам тонот на гласот, тие ме казнуваат. Повеќе ги сакаат тие што ќутат. Кога има големо натпреварување, тие секогаш се во најдобрите хотели, возат најдобри автомобили и јадат највкусна храна. За разлика од нив, натпреварувачите имаат проблеми со превозот, се жалат на смештајот и на храната. Нашиот спорт не напредува со тие луѓе. Знам дека ќе добијам казна по оваа изјава, но ако. Јас сум горд и не сум уплашен од нив“, рече Вујовиќ.

Како и што си знаеше, сега тој ќе мора да плати 5.000 евра, што и не е прва казна која му е изречена. 

Најново во Ракомет