ПУШТЕНА Е ПРВАТА ПРОВОКАЦИЈА ЗА ХРВАТИТЕ

Во салата во Сплит одекнува: Кој е најдобар? Србија! (Видео)

Репрезентацијата на Србија го одработи единствениот тренинг пред вечерашниот дуел против домаќинот на ЕП 2018

објавено: 12 јануари 2018 - 15:25

Хрватска против Србија од 20:30 часот во Сплит, е дербито со кое ќе бидат најавени ракометните возбудувања на Европското првенство. Билетите за во арената „Спаладиум“ оддамна се распродадени и „коцкестите“ се очекува да имаат поддршка од околу 11.000 навивачи. 

Сепак, денеска во еден момент, во салата грмеше „Србија“. Тоа беше периодот во кој српските ракометари го одработуваа единствениот тренинг пред мечот.

По завршување на тренингот, српскиот селектор Јовица Цветковиќ на центарот од теренот ги собра играчите и на глас праша: Кој е најдобар? Ракометарите во еден глас извикаа: Србија!

Денеска на програмата на ЕП: 

ГРУПА А

Белорусија - Австрија 18:15 ч.

Франција - Норвешка 20:30 ч.

ГРУПА Б

Шведска - Исланд 18:15 ч.

Хрватска - Србија 20:30 Ч.

Најново во Ракомет