Поранешниот ракометар на Металург се сели кај соседите

Војводиќ е ново засилување за Вардар

Средниот бек на српската репрезентација Јања Војводиќ ќе игра за Вардар од следната сезона, како второ засилување по летонскиот џин Даинас Кристопанс

објавено: 23 февруари 2017 - 12:54

Средниот бек на српската репрезентација Јања Војводиќ ќе игра за Вардар од следната сезона, како второ засилување по летонскиот џин Даинас Кристопанс.

Војводиќ играше за Металург пред две сезони, а сега ќе игра за големиот ривал Вардар. Пред него потпис на договор со македонскиот првак стави и Кристопанс.

Средниот бек на српската репрезентација беше на прагот на договор со полскиот прволигаш Горњик Забрже, но раководството на Вардар беше побрзо и го договори 22-годишниот ракометар.

Најново во Ракомет