СЛОВЕНИЈА МОЖЕ ДА ИГРА ЗА НАС

Вујо покажи дека си мајстор и победи ја Шпанија

Доколку Словенија триумфира над „црвената фурија“ математиките велат дека и победа и реми може да нè донесат до второто место на крајот од групната фаза

објавено: 23 јануари 2018 - 14:25

Нашата ракометна репрезентација вечерва против Чешка го има првиот од можеби двата најважмни меча во историјата, Македонија уште има шанси и се надева дека може да стигне до историско полуфинале на Европското првенство во Хрватска.

Освен нашиот меч, денеска играат и Словенија против Шпанија. Токму овој дуел може да има значење за нас во конечниот пласман. Македонија треба да навива за Словенија, која ако успее да ја изненади „црвената фурија“ може да ни направи услуга.

Доколку се случи Словенија да слави над Шпанија, „црвената фурија“ ќе остане на 4 бода колку што има и Германија. Ако Македонија вечер се израдува на двата бода против Чешка, во тој случај, во пресрет на последното коло нашите ракометари ќе влезат како второпласирани на табелата со 5 бода, а Данска е лидер со 6 бодови. 

Во последното коло, Шпанија и Германија ќе играат меѓусебе, а Македонија против Данска. Постои теорија Македонија и со реми против Данска да оди во полуфиналето. Сепак за тоа да се случи, мора да Германија и Шпанија да одиграат нерешено, за да го задржиме бодот предност кој би го имале, по евентуалната победа над Чешка и пораз на Шпанија од Словенија.

Калкулации има многу. За да почнеме да размислуваме на вакви варијанти прво треба да чекаме селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ да смисли тактика за да ја победи Шпанија и уште еднаш да го оправда епитетот „Вујо мајсторе“ кој му го дадоа македонските навивачи додека беше тренер на Вардар.

Најново во Ракомет