ПРВО ЧЕСТИТАШЕ, ПА ПОЧНА ДА СИ „ПЛАЧЕ“ ДЕКА СУДИИТЕ НЕ ЧИНАТ

Вујовиќ: После 43 години поминати во ракометот, јас не ги знам правилата

објавено: 14 јануари 2018 - 08:19

Селекторот на Словеија, Веселин Вујовиќ, веднаш по мечот за македонските медиуми изјави дека Македонија заслужено победила и дека клучна била нашата серија од 7:0, направена на крајот од првото и почетокот на второто полувреме. 

Сепак маплку подоцна тој го смени мислењето и ги посочи судиите како главни виновници за поразот на Словенија. 

„Морам да признаам дека по 43 години поминати во ракометот, јас уште не ги знам правилата. НЕ ги знам судиските критериуми. Не знам зошто моите играчи во толку случаи добиваа исклучувања. Во второто полувреме имавме еден гол предност, а потоа ни беше исклучен играч и никој не знае зошто. Ги прашав и судиите и делегатот, како се игра оваа игра, поради ракометарите и гледачите, но и поради самите судии кои за се одлучуваат“, рече револтирано Вујовиќ.

Најново во Ракомет