СЕЛЕКТОРОТ НА СЛОВЕНИЈА ГО ПРИЗНА ПОРАЗОТ

Вујовиќ: Заслужена победа на Македонија

Стратегот на Словенија малку плачеше за некои судиски одлуки, но сепак призна дека нашите беа подобри

објавено: 13 јануари 2018 - 21:22

Специјално од Загреб, Марија Ковачева

Селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ беше разочаран од поразот, но машки призна дека Македонија беше подобар тим на теренот на „Арената“ во Загреб. Според популарниот Вујо, клучно била серијата од 7:0 што Македонија ја направи на крајот од првото и почетокот на второто полурвеме. 

„Крајот на прво и почетокот на второ дозволивме Мкаеодјнија да направи голема разлика и потоа беше тешко да се стигне. Правилатѕа кој ги интепретираат судиите тешко е да се разберат. Заслужена победа на Македонија. да ги победиме Германија и Црна гора. Тешко да се подигне екипата по еден ваков пораз. Сега да се одмориме не смееме да ја потцениме Црна Гора. Цврсто до земја. Поздрав до Македонија, одиме напред“, рече Вујовиќ веднаш по средбата.  

Најново во Ракомет