ХРВАТОТ ЗАМИНА НА ПОДГОТОВКИ ВО МАВРОВО

Желба на Загреб и Киелце: Јагањац остана верен на Металург!

Со вчерашниот вечерен лет, во Скопје пристигна и Халил Јагањац, кој утрово му се приклучи на Металург и замина на подготовките во Маврово.

објавено: 9 август 2018 - 12:30

Јагањац беше дел од јуниорската репрезентација на Хрватска на јуниорското ЕП во Словенија, но доживеа мала повреда и не настапи на последните три натпревари за својата репрезентација.

Јагањац од Металург доби неколку дополнителни денови за одмор, па дури денеска му се приклучи на својот тим.

Претходно се шпекулира околу иднината на левиот бек, се поврзува со трансфер во ППД Загреб, а интерес за неговите услуги покажал и Киелце, но Јагањац остана во Металург да ги брани „сино-белите" бои.

Најново во Ракомет