КАПИТЕНОТ СО ЕДЕН ОД НАЈБРЗИТЕ ГОЛОВИ НА СП

„Бомба“ за шест секунди на „Спиди Талески“ (ВИДЕО)

Светската ракометна федерација направи Топ-5 листа на најбрзо постигнати голови во првите три кола. На петото место се најде капитенот на македонската репрезентација, Филип Талески. На дуелот против Тунис за нецели шест секунди се прошета низ одбраната и постигна гол за израмнување 9-9. За жал, Македонија не успеа да дојде до победа и да го завери пласманот во осминафиналето, кој ќе го бркаме денеска против Бразил.