Неверојатна серија на Шкендија, 25 меча по ред со гол

Цуцули ги смири и Чаир и Маџари (Видео)

Адријан Цуцули постигна убав гол со глава и е креатор на еден неверојатен јубилеј на Шкендија. Тетовци по првиот дел водат со 1:0 на дербито против Шкупи и имаат импресивна серија на мечеви на кои постигнуваат барем по еден погодок

Адријан Цуцули постигна убав гол со глава и е креатор на еден неверојатен јубилеј на Шкендија. Тетовци по првиот дел водат со 1:0 на дербито против Шкупи и имаат импресивна серија на мечеви на кои постигнуваат барем по еден погодок.

Со голот на Цуцули стасаа до бројката 25, на првенствени дуели на кои даваат барем по еден погодок. Шкупи има голема поддршка од своите навивачи, но и е со негатива од 0:1. Следи второто полувреме во Маџари на дербито од 20. коло што се игра на стадионот „Борис Трајковски“