Така е кога подолго врне кај нас

Дождот ни ора, ни копа, ама на Чаир направи проблем (Видео)

Дождот што постојано врнеше во Скопје во претходните неколку денови направи голем проблем на фудбалските терени во Македонија, а и на Чаир не е поинаку. Теренот на кој за помалку од еден час ќе почне дербито од 18. коло меѓу Шкупи и Вардар повеќе личи на ораница, отколку на место за играње прволигашки фудбал

Дождот што постојано врнеше во Скопје во претходните неколку денови направи голем проблем на фудбалските терени во Македонија, а и на Чаир не е поинаку. Теренот на кој за помалку од еден час ќе почне дербито од 18. коло меѓу Шкупи и Вардар повеќе личи на ораница, отколку на место за играње прволигашки фудбал.

Како уште еден доказ дека фудбалската инфраструктура, со исклучок на неколку стадиони ни е исклучително лоша, а денеска од 13 часот ќе мора да се снаоѓаат како знаат и умеат фудбалерите на Шкупи и на Вардар.