НОВИОТ МАКЕДОНЕЦ ГИ СОБРА СИМПАТИИТЕ

Џордан Теодор не можеше да посака подобар пречек (ВИДЕО)

Новиот натурализиран Македонец, Џордан Теодор, кој веќе им се придружи на своите нови колеги не можеше да посака подобар пречек. Младите кошаркари и кошаркарки од школата „МВП“, денеска дојдоа во Маврово да ја посетат репрезентацијата и воедно да му посакаат „добредојде“ на Џордан.