БИТОЛЧАНИ ВЛЕГОА ВО МИНИ КРИЗА

Голот на Лукас Кардосо премалку за Пелистер (Видео)

„Зелено-белите“ втор пат во низа се поразени. Откако минатата недела загубија од Работнички со 0:1, денеска беа послаби и од ренова и загубија со 2:1 на гости. Пелистер даде гол за 1:1 преку Кардосо, но не успеаа да го задржат овој резултат до крајот, бидејќи во 89 минута примија втор погодок и мораа да си заминат без ниту еден бод од ова гостување. Пелистер остана на 36 бодови и е на четвртото место на табелата.