ВО МЕЃУВРЕМЕ ШАМПИОНОТ ПРОДОЛЖУВА СО МИСИЈАТА ЛШ

Гонзалез даде насоки, Лојаница ги „подбра“ Вардарци (ВИДЕО)

Европскиот и македонски шампион, Вардар стартуваше со подготовките за продолжение од сезоната во Лигата на шампиони. На првиот тренинг се појави Раул Гонзалез, кој поради обврски кон репрезентацијата на тимот ќе му се приклучи по завршување на Европското првенство. Шпанскиот стратег даде насоки, а ракометарите на Вардар до понеделник ќе тренираат под водство на кондицискиот тренер, Марија Лојаница. Потоа Давид Дејвис треба да го превземе тимот. Осум ракометари се појави на првиот тренинг, останатите имаат обврски со националните тимови.