Интересен крај на тениското финале во Сао Паоло

Хет-трик на Куевас и супер трик на меч топка (Видео)

Пабло Куевас е непобедлив во сао Паоло и по третпат во серија го освои АТП турнирот, а крајот беше невообичаен

Пабло Куевас е непобедлив во сао Паоло и по третпат во серија го освои АТП турнирот, а крајот беше невообичаен. Во финалето против Алберт Рамос-Вињолас, Уругваецот на меч топка направи ист трик како и Мајкл Ченг во мечот за титулата на Ролан Гарос против Иван Лендл, кога сервираше „под рака“. Истиот трик на меч топка за титула го репризираше Куевас против шпанскиот тенисер и успеа да го изненади и да победи со 6:7, 6:4, 6:4.