ХАСОТ НА УЛИЦИТЕ ПРОДОЛЖИ НА СТАДИОНОТ

Инциденти во Марибор, за малку избегната трагедија (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Марибор и Спартак Москва го одбележаа инциденти на теренот и надвор од него.  

Натпреварот меѓу Марибор и Спартак Москва во рамките на првото коло од Лигата на шампиони го одбележаа инциденти на теренот и надвор од него. Пред стартот на дуелот фановите на домашниот тим најпрво се пресметале со полицијата, а потоа на стадионот гостинските фанови приредија баклијада. Токму од овој дел од трибините беше фрлена „ракета“ која за малку ќе го погедеше главниот судија на натпреварот.