ПОГОДОЦИТЕ ОД ВЕЧЕРАШНИОТ МЕЧ ВО ДАНСКА

Како на Вардар за 15 минути му се урна сонот (ВИДЕО)

Вардар очајно го започна мечот и прими гол уште во првата минута, но брзо се врати. Николов израмни во 19 минута, но само седум минути подоцна Копенхаген повторно поведе и тоа со автоголот на Барсегјан во 26 минута. Ова беше резултат на полувремето, а му одговараше на Вардар за да оди понатаму. 

Во вториот дел, Копенхаген остана и со играч помалку во 71 минута по исклучувањето на Грегуш, но тоа како да беше поттик за домаќините. Во 75 минута дадоа гол за 3:1 кога погоди Сантандер, а на крајот и Сотириу од пенал во 89 стави точка на победата на Копенхаген против Вардар.