НЕСРЕЌНИОТ МОМЕНТ НА ТРКАТА ВО СКОПЈЕ

Како настрада Димушевски? (ВИДЕО)

Српскиот автомобилист Урош Бркиќ со автомобил Хонда излета од патеката и удри во еден од организаторите на трката.

Враќањето на кружните автотрки во Скопје за жал го одбележа сериозен инцидент, и тоа во последната трка откако српскиот автомобилист Урош Бркиќ со автомобил Хонда излета од патеката и удри во еден од организаторите на трката.

Станува збор за легендата на овој спорт кај нас, Александар Димушевски, кој што во тој момент се наоѓал крај самата патека.

Инаку, инцидентот се случи на тринаесет круга до крајот на трката во четвртата дивизија.

За жал, Димушевски се здоби со сериозни повреди. Веднаш реагираа медицинските лица кои повредениот со возило на Брза помош го префрлија во болница, а трката е прекината.