КОЛКАВ ТАЛЕНТ СЕ КРИЕШЕ ВО СУПЕРЅВЕЗДАТА НА МОНАКО

Килијан Мбапе - Уште како дете се знаеше дека ќе биде ѕвезда

Тинејџерот Килијан Мбапе е една од најголемите надежи на светскиот фудбал. Напаѓачот на Монако, кој има само 18 години сезонава даде вкупно 20 погодоци во 44 меча за тимот од „малото кнежество“. Со своите игри, веднаш го привлече вниманието на големите европски клубови. Дека Мбапе не случајно игра во оваа форма сезонава, покажуваат и клиповите кои се направени додека тој се развивал и како играл кога бил дете на само 10 годишна возраст.