ЕДЕН АМА ВРЕДЕН ГОЛ НА КАПИТЕНОТ НА МЕТАЛУРГ

Кузмановски како „фурија“ низ одбраната на Нексe (ВИДЕО)

Металург дојде до втората победа во СЕХА-лигата. Избраниците на Лино Червар го надиграа составот на Нексе (29-22), благодарение на одличната игра во второто полувреме во кое блескаа. Публиката во СЦ „Борис Трајковски“ уживаше во атрактивните погодоци на ракометарите на тимот од Автокоманда, а СЕХА го прогласи единствениот гол на Филип Кузмановски за број еден. И не погреши, капитенот на Металург како „фурија“ мина низ одбраната на Нексе и испрати вистинска бомба во нивната мрежа.