ГОЛЕМО СЛАВЈЕ НИЗ УЛИЦИТЕ

ЛЕЛЕ МОМЦИ ШТО НАПРАВИВТЕ: Вардар повторно го запали Скопје (ВИДЕО)

Вардар среде Истанбул пиша историја, Скопје повторно „гори“. Македонија за првпат ќе има свој претставник во групната фаза во Лигата на Европа, благодарение на Чеде Јаневски и неговите избраници, кои одиграа маестрален натпревар по вторпат го совладаа Фенербахче, овој пат со 2-1. Фановите на Вардар веќе се на плоштадот во центарот на Скопје, успехот на „црвено-црните“ се слави на големо...Секоја чест момци!!!