Невидени голови

Летаа фудбалски бомби на Чаир, Вардар настрада од ударите на Бајрами и Стојковски (Видео)

Со два погодоци какви оддамна не се видени на прволигашките терени кај нас Шкупи го урна шампионот Вардар. Триумфот од 2:0 го најави со еврогол Муарем Бајрами, а печатот беше светски во режија на Кристијан Стојковски

Со два погодоци какви оддамна не се видени на прволигашките терени кај нас Шкупи го урна шампионот Вардар. Триумфот од 2:0 го најави со еврогол Муарем Бајрами, а печатот беше светски во режија на Кристијан Стојковски. Два погодоци за кои вреди да се биде на трибините како навивач и на теренот како играч. Голманот на Вардар, Игор Алексовски беше немоќен и само со поглед ги испрати фудбалските бомби што ги упати двоецот на Шкупи.

Погледнете ги двата светски погодоци на Бајрами и на Стојковски. 

Напомена: Видеоматеријалот е објавен од „Инфоспорт".