ЕДНАШ МАЈСТОР, ЗАСЕКОГАШ МАЈСТОР

Магичен гол на Фернандо Торес

Атлетико Мадрид со пресврт стигна до победа од 3:2 во дуелот против Селта Виго. Домаќините два пати беа во негатива, но на крајот се радуваа на триумф. Потегот на мечот го имаше легендарниот напаѓач на „јорганџиите“, Фернандо Торес, кој го даде можеби и најдобриот гол во сезоната во Примера дивисион