Клаваме убави голови, во Топ-5 на ЕХФ сме главни

Македонска окупација во пет потези - Стоилов е мајстор за шрауби, Кире асистира, а Талески лета (Видео)

Феноменалната шрауба на Стојанче Стоилов е најубав гол во првата фаза на Европското првенство во Хрватска во изборот на ЕХФ, сметајќи ги Ц и Д групата. Имаме уште еден гол во Топ-5 и уште еден со македонски шмек во шпанска изведба

Феноменалната шрауба на Стојанче Стоилов е најубав гол во првата фаза на Европското првенство во Хрватска во изборот на ЕХФ, сметајќи ги Ц и Д групата. Имаме уште еден гол во Топ-5 и уште еден со македонски шмек во шпанска изведба.

Стоилов во пад од зад грб со популарната ватерполо шрауба го остави на суво германскиот голман Волф. Без конкуренција најубав погодок во првата фаза. Цепелинот на Кирил Лазаров и Филип Талески против Црна Гора е број 4, а пред нив се Патрик Винчек и Алекс Душебаев. Шпанскиот цепелин е на второто место, а има македонски шмек, бидејќи Алекс играше во Вардар. Во топ-5 има место и за Анхел Фернандес, уште еден шпански ракометар.