ПОТЕГ КОЈ МОЖЕ ДА ГО НАПРАВАТ САМО НАЈДОБРИТЕ

Македонскиот вундеркинд Кристијан Воденски му направи „магија“ на противникот (Видео)

На германското државно првенство во кикбокс, Воденски го освои второто место во категорија до 30 килограми, додека во категорија до 35 кг. заврши како третопласиран. Иако не успеа да биде најдобар на ова натпреварување, малиот Кристијан го направи можеби најдобриот потег на турнирот. Таков удар може да зададат само најдобрите борачи, а Воденски сигурно е меѓу тие. Иако ударот беше перфектно чист, судијата не го призна.