РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ КАКО СО ФЕДЕРИ НА НОЗЕТЕ

Монструозно забивање на Димитријевиќ (ВИДЕО)

Ненад Димитријевиќ против Сарагоса и Лестер Бо Мекејлеб максимално ги искористи своите минути. Македонскиот репрезентативец не само што беше еден од главните креатори на кам-бекот на Хувентуд, тој е соопственик на еден од најатрактивните поени. Откако најпрво постигна три поени, во следниот напад монструозно ја заби топката. На крајот мечот го заврши со седум поени, два скока и две асистенции.