И ПО ШЕСТ ГОДИНИ ОД ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

Морниците се уште ги чувствуваме: Леле, леле што направивме (ВИДЕО)

И по шест години од најголемиот успех на македонската кошаркарска репрезентација на Европското првенство во Литванија, се уште не обземаат морници кога ќе ја погледнеме тројка на Владо Илиевски против домаќинот за пласман во полуфиналето. Зборовите на искусниот плејмејкер „Леле, леле што направивме“ влегоа во историјата на спортот. Ова беа едни од најубавите денови, од тука почна и прославувањето на големите успеси на сите репрезентации на плоштадот во главниот град.