Комичтен момент во првото полувреме

„Натрапник“ го прекина мечот меѓу Пелистер и Алтај (ВИДЕО)

Несекојдневен момент се случи во првото полувреме на мечот меѓу Пелистер и Алтај. Во еден момент на теренот во Аланија се појави куче, кое што воопшто не сакаше да замине, напротив легна и беше расположено за да си игра со фудбалерите. Сепак, главниот судија мораше да го прекине мечот а потребно беше носење на раце за да се тргне „натрапникот".
По првото полувреме резултатот на овој пријателски меч е 1:1, а стрелец на голот за Битолчани беше Илиев.