Кошаркарот на Голден Стејт повторно воодушевува

Нова магија на Кари (ВИДЕО)

Стеф Кари повторно продолжува да импровизира на кошаркарските терени. Најдобриот кошаркар на Голден Стејт на утринскиот меч против Бруклин Нетс направи нов магичен потег. При една акција, Кари се соочи со проблеми со заштитникот за забите, кој му падна. Во истиот момент успеа да го фати со левата рака, додека со десната топката ја додаде до Кевин Дурант кој успешно реализираше.