КАКО РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ЈА „РЕШЕТАШЕ“ МУРСИЈА

Партија за паметење: Димитријевиќ може и од 9 метри (ВИДЕО)

Ненад Димитријевиќ вчера одигра феноменален натпревар против Мурсија во меч од подготвителниот период пред стартот на шпанското првенство. Македонскиот кошаркарски бисер беше најефикасен со 20 поени, а промаши само еден удар за тројка од 6 обиди. Тој постигна една тројка од девет метри, но и неколку атрактивни поени под обрачите.