Египќанецот алфа и омега во репрезентацијата

Салах шоу: Два гола, две асистенции и два промашени пенали

Фудбалската репрезентација на Египет која со пораз од Тунис ги почна квалификациите за Африканскиот куп на нации, вчера се врати со победа на дуелот со Нигер.
Секако, во главна улога и на овој меч беше големата ѕвезда на англиски Ливерпул, Мохамед Салах. Тој вчера постигна два гола, промаши два пенали и имаше уште две асистенции во убедливиот триумф на неговиот тим од 6:0.