И заслужија и им се погоди

Шкендија се радува, Хелсинки падна на ред е Тракаи (Видео)

Фудбалерите на Шкендија сосема заслужено се радуваат на пласманот во третото квалификациско коло, а таму ги чека литвански Тракаи, што е подобра варијанта, барем на прв поглед од шведскиот претставник Норчепинг. Тракаи по голема битка по подобро изведување на пенали ги елиминира Швеѓаните, за кои брани нашиот репрезентативец Давид Митов Нилсон. Тој не успеа да одбрани ниту еден пенал, по што стана јасно дека Тракаи ќе и биде ривал на Шкендија во следното коло на пат до Европа Лигата. Литванската екипа е формирана пред 12 години.